ноември 21, 2024

Белата куќа ги нарече „загрижувачки“ напорите на Израел да ја затвори Ал Џезира

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер изрази загриженост поради напорите на Нетанјаху да ја спречи работата на Ал Џезира во Израел.

– Ние веруваме во слободата на печатот. Тоа е критично. Тоа е критично важно, а Соединетите Американски Држави ја поддржуваат критично важната работа на новинарите ширум светот, вклучително и оние кои го покриваат конфликтот во Газа, изјави Жан-Пјер.

– Значи, веруваме дека работата е важна. Слободата на печатот е важна. И ако тие извештаи се вистинити, тоа не загрижува, додаде таа, пренесува Ал Џезира.

Израелскиот парламент денеска го одобри законот кој дозволува да се затворат радиодифузерите од странство доколку се смета дека претставуваат ризик за државната безбедност.

Според законот, министерот за комуникации Шломо Кархи може да нареди затворање на телевизиски радиодифузер, конфискација на опремата за емитување, отстранување на радиодифузерот од програмите на провајдерите на кабловска и сателитска телевизија и блокирање на неговата веб-страница.

Кусо време откако израелскиот Кнесет го одобри законот за непријателски медиуми, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласи дека ќе преземе „итна акција“ за да го запре емитувањето на катарската телевизија „Ал Џезира“ во Израел.

– Терористичкиот канал Ал Џезира повеќе нема да емитува програма од Израел. Имам намера веднаш да преземам итна акција согласно новиот закон за да се запре работата на телевизијата во Израел, напиша Нетанјаху на Х.

Read Previous

Утре и задутре нема влез во Грција

Read Next

Катимерини: По најголемиот изборен пораз, Ердоган повеќе не е непобедлив