ноември 24, 2024

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Read Previous

Нов земјотрес ја погоди Грција

Read Next

Вучиќ: Ќе го замолам Додик да води политика на мир