ноември 22, 2024

Османи: Пред 25 години почна спасувањето на Косово од уништување, вечна благодарност на НАТО

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, се заблагодари на НАТО по повод 25-годишнината од воздушните напади врз српски цели.

Османи вели дека спасувањето на Косово почнало пред 25 години.„Пред 25 години започна спасувањето на Косово од истребување. Сојузите мора да се зачуваат исто колку и слободата! Фала ти засекогаш НАТО“, вели Османи во објава на Фејсбук.

Инаку, денеска се навршуваат 25 години од почетокот на воздушните напади на НАТО врз српски цели.

Авионите на НАТО ја бомбардираа територијата на Србија, Косово и Црна Гора.

Нападите започнаа во 19 часот и 45 минути, кога авионите на НАТО ги фрлија првите бомби врз стратешките позиции на армијата на поранешна Југославија, како што се нарекуваа двете републики на поранешната југословенска федерација, Србија и Црна Гора.

Наредбата за започнување на кампањата за бомбардирање ја дал претседателот на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон. Таа вечер тој одржа историски говор пред американскиот народ, објавувајќи дека и наредил на Атлантската алијанса да започне воена операција, како единствен начин да се прекинат борбите во Косово.

„Ние и НАТО Алијансата ги направивме сите напори за да дојдеме до мирно решение на конфликтот во Косово. Но, претседателот Милошевиќ, кој во блиското минато предизвика ужасни војни во Хрватска и Босна, се одлучи за агресија наместо за мир“, рече претседателот Клинтон.

Воздушните напади против српските и црногорските сили продолжија до 9 јуни, кога беше постигнат Кумановскиот договор, инаку познат како капитулација на криминалецот Милошевиќ, а на 11 јуни непријателските сили почнаа да ја напуштаат територијата на Косово.

Ова е прва воена интервенција на НАТО од неговото формирање, која е позната и како историска интервенција.

Read Previous

Харис: Нема вмешаност на Украина во масакрот во близина на Москва

Read Next

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 137