ноември 21, 2024

Марија Габриел ќе ја формира новата Влада на Бугарија

Шефицата на бугарската дипломатија Марија Габриел од централно-десничарската партија ГЕРБ денеска се согласи да ја формира новата влада на Бугарија, по оставката на премиерот Николај Денков на почетокот на март.

Го прифаќам овој мандат со чувство на одговорност бидејќи на Бугарија и треба стабилност, изјави Габриел пренесена од британските медиуми.

Таа додаде дека се надева дека конечниот договор со партијата „Промените продолжуваат“ ќе биде финализиран во следните 24 часа.

ГЕРБ и прозападниот блок предводен од партијата „Промените продолжуваат“, минатата година се договорија Габриел да ја преземе премиерската функција, откако на досегашниот премиер Николај Денков ќе му заврши деветмесечниот мандат, наведуваат британските медиуми.

На минатогодишните априлски избори, ГЕРБ освои 69 пратенички мандати, додека коалицијата предводена од партијата „промените продолжуваат“ освои 64 од вкупно 240 места во бугарскиот Парламент. 

Read Previous

Поддршка од ТИКА за земјоделците во Северна Македонија

Read Next

„Газа повеќе не е на раб на глад, туку во состојба на глад“