По пофалбите што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што ги упати до властите во Босна и Херцеговина, велејќи дека за една година се сработило повеќе отколку за цела деценија, се обрати претседателот на СДП, Нермин Никшиќ.
Тој посочи дека за него, како еден од лидерите на Тројката и премиер на Федерацијата Босна и Херцеговина, нема поголемо задоволство од зборовите што ги испрати претседателката на Европската комисија.
„Значи, не зборуваме за себе, не се фалиме, туку од највисоката европска позиција беше кажано дека за една година од новата влада на државно ниво направивме повеќе од нашите претходници за десет години. Толку од „предавства“ и „продажби“. Политичките разговори, компромисите и избегнувањето на популистички злоупотреби и секојдневните демонстрации на лажен патриотизам, јасно дадоа огромен резултат“, рече Никшиќ, пренесе Кликс.
Тој додаде дека БиХ е на прагот да ги отвори преговорите со ЕУ, односно да постигне повеќедецениска цел.
„Посебно ми е драго што од ова отворање ќе имаат корист сите граѓани на БиХ, што ќе значи полесен и побрз пристап до европските фондови, што со создавање европска политичка клима во БиХ и европско деловно опкружување ќе отвориме простор за големи странски и домашни инвестиции, нови работни места и престој на младите во оваа земја“, посочува Никшиќ.
Тој вели и дека надлежните имаат многу работа и дека се далеку од тоа дека сѐ е готово.
„Затоа, како и досега, ќе продолжиме цврсто да ги браниме интересите на државата Босна и Херцеговина, во согласност со Уставот, посветено ќе работиме на нејзиниот европски пат и евентуално вклучување во Европската унија, бидејќи нашата цел е граѓаните да живеат подобро во оваа земја, да имаат повисоки плати, младите да ја видат перспективата и да останат во Босна и Херцеговина, пензионерите да можат да живеат од своите пензии. Ги отворивме главните врати на ЕУ. И нема враќање назад“, заклучи Никшиќ.