ноември 24, 2024

Велика Британија воведе санкции за раководството на казнената колонија каде што почина Навални

Велика Британија денеска воведе санкции за шест лица кои имаа раководни позиции во арктичката казнена колонија каде што минатата недела почина рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

„Меѓу санкционираните е и шефот на казнената колонија, како и петмина негови заменици. Ним им е забранет влезот во Велика Британија, а нивните средства се замрзнати“, изјави британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

„Јасно е дека руските власти го сметаа Навални за закана и постојано се обидуваа да го замолчат“, рече Камерон. Оние кои се виновни за суровиот однос кон Навални не треба да се залажуваат – ние ќе ги повикаме на одговорност“, рече Камерон.

Read Previous

Реконструкцијата на Универзалната сала е во две фази, се очекува да биде завршена во 2026 година

Read Next

Двојно убиство во кумановското село Габреш, едно лице повредено