Регионалното обвинителство на Харкив извести дека телото на петтата жртва од рускиот напад врз станбена зграда на 14 февруари е извлечено од урнатините во Велики Бурлук во областа Купијанск во регионот Харкив, пренесува Укринформ.
„Спасувачите го извадија телото на 27-годишна жена од урнатините на уништената куќа. Бројот на загинати сега се искачи на пет, меѓу кои три жени и двајца мажи“, објави регионалното обвинителство во Харкив на Телеграм.
Повредени се пет лица. Акцијата за пребарување и спасување е во тек.
Како што е соопштено, на 14 февруари, приближно во 16 часот и 15 минути, руските сили лансирале две ракети С-300 кон Велики Бурлук. Во нападите е оштетена двокатна станбена зграда и приватна куќа. Дополнително, оштетени се и два полициски автомобили.