ноември 22, 2024

Демократ победи во Њујорк

Демократот Том Суози победи на изборите за третата конгресна област во Њујорк, со што освои место во Претставничкиот дом на САД, откако републиканецот Џорџ Сантос беше отстранет од тоа претставничко место во декември.

Со оваа победа на Том Суози над републиканката Мејси Пилип, демократите го намалија републиканското мнозинство во Домот, каде досега републиканците имаа 219 места, а демократите 212.

Трката меѓу Суози и Пилип, освен на Израел, се фокусираше на миграцијата и абортусот, кои се очекува да бидат главни прашања на општите избори во ноември, јави Би-Би-Си.

Претходниот претставник на областа, Џорџ Сантос, беше сменет во декември поради обвинувања за корупција, измама и злоупотреба на средства за кампања. Во обвинението се наведува дека Сантос донираните средства за кампањата ги потрошил на облека и ги користел за отплата на долгови и рати за автомобил.

Read Previous

Заврши изградбата на новото училиште во „Визбегово“

Read Next

Едно лице загина и тројца сe повредени во сообраќајна несреќа на преминот Стража