ноември 23, 2024

Налепници „NMK“ на таблиците задолжително од 12 февруари, ќе се продаваат на станиците за технички преглед

Сопствениците на возила, заклучно со 12 февруари годинава мора да извршат промена на ознаката  „МК“ на регистарските таблички со новата ознака „NMK“. Налепниците со новата ознака „НМК“ ќе чинат најмногу 50 денари, а ќе можат да се набават во станиците за технички преглед.

Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

– Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Северна Македонија број 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, наведуваат од МВР.

Според претходните најави од МВР, тие ќе бидат доставени до станиците за техничките прегледи, каде што граѓаните ќе може да си ги купат.

Обврската за користење на кодот „NMK“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор.

Read Previous

Која е разликата помеѓу кристален шеќер и шеќер во прав?

Read Next

САД бара Унгарија веднаш да одобри влез на Шведска во НАТО: Будимпешта ризикува трајно да ги оштети односите со Вашингтон