ноември 24, 2024

Руските ракетен терор продолжува, агресорите извршија уште еден масивен напад врз Украина

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на Икс објави дека, утрото на 699 ден од агресијата, руските агресори повторно извршија масивен ракетен напад врз Украина.

699. Утрото на 23 јануари државата агресор рф повторно изврши масовен напад врз Украина.#RussiaIsATerroristState

— Larysa Dir (@dir_larysa) January 23, 2024


Како што објави министерот за внатрешни работи на Украина, Ихор Клименко на Телеграм,  пет лица загинаа, а најмалку 20 се повредени како резултат на утринскиот руски ракетен напад врз Украина заклучно со 08:45 часот во вторник, 23 јануари, пренесува Укринформ.

Според него, како резултат на ракетниот напад, избувнале неколку пожари во главниот град – во областите Свијатошински, Соломиански и Печерски. Едно лице загина, а има повредени. Оштетени се две висококатници, приватна зграда и автомобили.

Read Previous

Мајка со две деца, македонски државјани, евакуирани од Газа

Read Next

Во израелските напади на Газа од 7 октомври досега се убиени 25.490 Палестинци