ноември 24, 2024

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ повисоки за еден и пол денар

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден и пол денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 75,а  Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 74,50 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 41,732 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,733%, кај дизелот за 3,253%, кај екстра лесното масло за 2,343% и кај мазутот намалувањето е за 1,289%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка, потенцираат од РКЕ, е повисок за 0,551 проценти.

Read Previous

Советниците не ја изгласаа одлуката за субвенционирање на ЈСП, Скопје останува без јавен превоз

Read Next

ДПТ: МВР ги дискриминира Турците, нема обрасци на турски јазик за лични документи