Русија ноќеска лансирала 33 дронови од иранско производство и две ракети кон градот Харков, во источниот дел на Украина, соопшти украинската армија.
Украинската противвоздушна одбрана соборила 22 дронови, а руските сили истрелаа два наведувани ракети С-300 од пограничниот регион Белгород, се вели во соопштението.
– Окупаторите нападнаа со 33 беспилотни летала Шахед-136/131, соопштија украинските сили.
Системите за противвоздушна одбрана во источните, јужните и централните региони на Украина ги собориле дроновите.
Дроновите биле лансирани од областа Приморско Архтарск и регионот Курск.