Двегодишно девојче од Кичево почина во болница откако на 18 декември била донесена со тешки телесни повреди.
Според инфорнациите од полицијата, таткото на девојчето е приведен и осомничен дека на 18 декември и нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана.
Како што се наведува, девојчето првин било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, во понеделникот починала.
Вчера, на 10.01.2024 година, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево.