ноември 22, 2024

Бадниковата поворка и Коњичкиот марш традиционално ќе се одржат Општина Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров годинава повторно ги кани дечињата да бидат дел од Бадниковата поворка.

Како што известуваат, собирот за поворката ќе биде утре, пред црквата „Петар и Павле“ во 09:30 часот од каде предвидено е да се движат пеш до Општина Ѓорче Петров, по што со организиран автобуски превоз ќе продолжат кон градскиот плоштад и ќе се соединат со сите останати учесници од другите општини. По завршување на централниот настан на плоштадот, дечињата од Ѓорче Петров со истиот организиран превоз ќе бидат вратени во општината.

За Божиќ традиционални ќе се одржи и Коњичкиот марш кој најавено е да започне на седми јануари во 10 часот од бензинската пумпа во Ново Село. Крајната дестинација е Кучково, но претходно коњаницата ќе помине и низ Волково, односно околу 10:30 часот, каде е предвидено учесниците да бидат пречекани со македонска народна музика.

Во Кучково, односно на сред село се очекува учесниците на маршот да пристигнат околу 11 часот. Од тука предвидено е да се се упатат до црквата „Св. Ѓоргија“ во Кучково каде на пладне ќе биде поставена традиционална божикна трпеза.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги повикува граѓаните кои имаат желба со своите дечиња да бидат дел од Бадниковата поворка.

– Заеднички да се радуваме на денот што ни доаѓа кога Божјата светлина го огреа светот . Да продолжиме на ваков начин да ги негуваме вековните традиции, нашите христијански вредности и во духот на заедништвото да ги славиме овие празници, заедно и сплотени, истакна Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров ги кани сите сограѓани да бидат дел од оваа традиционална манифестација и да се придружат на предвидените места на убава дружба и заедничка веселба по повод празничните денови и на сите православни верници им ги честита големите христијански празници. 

Read Previous

Во Велес денеска се роди првото бебе – машко во 2024 година

Read Next

Заробување на државата во Србија: Проблем за Балканот и за ЕУ