ноември 23, 2024

Во Велес денеска се роди првото бебе – машко во 2024 година

Во Гинеколошко-акушерското одделение на ЈЗУ Општа болница Велес денеска во 12,30 часот се роди првото бебе во 2024 година. Тоа е машко бебе тешко 3.280 грама на мајката Ивана Јакимовска од село Пеширово, Свети Николско на кое и е трето дете.

Како што информира за МИА Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Породувањето на мајката по природен пат, го извршил тим од лекари гинеколози д-р Аристотел Тренчев и д-р Силвија Богоевска, заедно со сестри акушерки од одделението.

Попладнево мајката и бебето ќе ги посети градоначалникот Марко Колев со своите соработници од Општина Велес и ќе им однесат пригодни подароци.

Инаку, лани во велешката болница се родиле 294 бебиња, освен од Велес и Велешко и од неколку соседни општини.

Споредено со претходната 2022 година, во 2023 година  се родиле за 89 бебиња помалку.

Read Previous

Скандалот „Онкологија“ го рашири вирусот на недоверба во здравството

Read Next

Бадниковата поворка и Коњичкиот марш традиционално ќе се одржат Општина Ѓорче Петров