Додека ги вршел последните подготовки за да почне да ги засадува нивите, Насуф Мифтари од долна Бањица добил допис од Владата за откуп на земјиштето за компанијата Бектел и Енка, за изградба на коридорот осум, објави Алсат.мк
Земјиштето ќе му биде обештетено со 650 денари за метар квадратен, но Насуф се противи на ваквата одлука, велејќи дека нивата е извор на егзистенција за неговото семејство.
„Ќе наполнам 61 година откако ги работам овие ниви кои ги работеше и татко ми и не хранеше. Живеам од овие ниви, пет члена сме во семејството, живееме од оваа нива. Сега ми ја земаат, нема каде да одам, никој од нас не е во државна работа. Од оваа нива живееме. Како селани немаме што да правиме, нема каде да одиме. Уште еден месец треба да почнам да садам кромид и домати. Над 300 куќи само од моето село јадат леб, можеби и повеќе што живееме од нивите“, вели Насур Мифтари. Земјоделец од Горна Бањица.
Целата сторија на Алсат.мк