ноември 23, 2024

Дел од работниците се уште не добиле К15, што вели законот?!

К-15 треба да се исплати до крајот на декември. Годинава за прв пат го добиваат и 138.000 работници во јавниот сектор, а некои сектори како здравството, образованието, полицијата и јавните претпријатија веќе го исплатиле К-15 за своите работници. Дел од граѓаните велат дека се уште не зеле, други дека го потрошиле за подготвки околу новогодишните празници.

Со закон, секој работник кој има најмалку шест месеци континуиран работен однос има право на К-15, без разлика дали е на определено или неопределено работно време.

Минималниот износ за К-15 е околу 14.700 денари или 40% од просечната плата во последниот квартал. Крајот на декември е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат К-15.

Од следната година износот на К-15 во јавниот сектор ќе биде 30% од просечната плата или околу 13.000 денари.

Превземено од Алсат.мк

Read Previous

Бајден го повика Нетанјаху да ги заштити цивилите, но не и за прекин на огнот во Газа

Read Next

Жителите во Бањица не ги даваат нивите за Коридорот 8