ноември 24, 2024

Полицијата приведе 60-годишен битолчанец, кај него имал 7000 петарди!

Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес во периодот од 00.20 до 01.05 часот, биле пронајдени  4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20.30 часот, на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед на патничкото возило „поло” со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , биле пронајдени 2713 парчиња различни пиротехнички средства.

-По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, најави МВР.

Read Previous

Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет

Read Next

Скопје под сообраќајна блокада, од МВР велат надлежен за крстосниците е Град Скопје преку ЦУКС