ноември 24, 2024

Во Чешка Ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет

Во Чешка денеска е Ден на жалост, откако 24-годишен студент во четвртокот во пукање на Карловиот универзитет, уби 14 и рани 25 лица, а потоа си го одзеде животот.

Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Праг интернешнл, пренесува МИА.

Знамињата низ цела Чешка се спуштени на половина копје, а црковните ѕвона ќе бијат напладне и ќе има едноминутно молчење низ целата земја за загинатите.

Во Прага, како и во другите чешки градови, мерките за полициски надзор се засилени, а полицајци патролираат по улиците пред божиќните празници, ги надгледуваат пазарите, трговските центри и другите места каде што се собираат голем број луѓе.

Културните настани за време на божиќниот викенд се откажани, а сите јавни настани ќе започнат со едноминутно молчење.

Read Previous

Кијив: Украина собори три руски борбени авиони Су-34 на 40 километри од фронтот

Read Next

Полицијата приведе 60-годишен битолчанец, кај него имал 7000 петарди!