мај 17, 2024

Филозофскиот и Медицинскиот факултет ќе соработуваат за поголема отпорност, безбедност и одржлив развој на општеството

Денеска 21.12.2023 година Деканите на Филозофскиот факултет и на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје проф.д-р Ратко Дуев и проф.д-р Светозар Антовиќ потпишаа Меморандум за соработка.

Преку Меморандумот Институтот за безбедност, одбрана и мир и Институтот за судска медицина и криминалистика во иднина ќе разменуваат наставен кадар, ќе креираат студиски програми од научните области на двата института, заеднички интердисциплинарни обуки,семинари, дебати, конференции. Покрај тоа апликација и реализација на заеднички научно-истражувачки и меѓународни проекти.

Дебатата на тема „Улогата на науката за безбедност и истражувањето во отпорноста, безбедноста и одржливиот развој на општеството на Филозофскиот факултет ја отвори заменик министерот за образование и наука д-р д-р Агим Нухиу и Деканот на Филозофски факултет Дуев.

На научната дискусија свои излагања имаат Академик проф. д-р Валентин Мирчевски од Природно-математички факултет-Скопје, проф. д-р Александар Станков од Институт за судска медицина и криминалистика при Медицински факултет-Скопје, Продеканот на Филозофскиот факултет-Скопје проф. д-р Оливер Бакрески и Проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институт за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет

„Ние во науката и високото образование сме жртви на конфузијата во општетсвото. Потребно е поголема вклученост во решавањето на општествената состојба на земјата. Потребни ни се коренити промени, зошто високото образование не е социјална категорија, туку тоа треба да создава развој зошто е фабрика за луѓе и кадри. Воедно ни треба поголема видливост и транспарентност на научните резултати во странство и нивно споделување„нагласи професорот Мирчевски кој е најцитиран македонски научник во светот.

„Промените во општеството се раководени од сознанијата во науката, но истовремено низа на општествени предизвици стојат неодговорени од науката. Поаѓајќи од тврдењето дека отпорноста и безбедноста на општеството и улогата на знаењето треба да бидат разбрани како взаемност меѓу општеството, развојот и науката, оваа дебата стреми да придонесе кон афирмирање на новите сознанија за таквиот спој„, рече професорот Марјан Ѓуровски од Филозофскиот факултет.

Во периодот на големи безбедносни предизвици и приоритети и креирање на јавни политики за справување со истите особено е важно местото и улогата на истражувањето и науката за безбедност која ја дава во овој развој и справувањето со предизвиците и ризиците пред кои е исправен целиот свет, заклучи продеканот професот Оливер Бакрески.

На Дебатата се промовираше новата студиската програма по докторски студии на безбедност на Филзофскиот факултет на најстариот државен Универзитет „Св.Кирил и Методиј„-Скопје

Read Previous

Во Кавадарци донесени правилник и процедури за работа на Центар за жртви на семејно и родово базирано насилство, жртви на природни непогоди и лица во социјален ризик

Read Next

Од 1-ви јануари вработувања во јавниот сектор без согласност од Министерството за финансии