ноември 21, 2024

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Палевски ќе трае неколку месеци

Постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, ќе трае неколку месеци, информираат од Министерството за правда.

Оттаму појаснуваат дека постапката за екстрадиција од наша страна е иста за сите земји.

-Од дента кога се апсеше бевме во координација со СМПС-Интерпол, како и со ОЈО Скопје. Во 9:20 часот го добивме официјалното известување од МВР и отворивме предмет. Барањето за екстрадиција беше спремно, министерот го потпиша и истиот ден беше преведено. Пред тоа да го направиме, побаравме веднаш да биде задржан во притвор за екстрадиција, велат од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда.

Палевски беше фатен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница. Тој е првооосмничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Read Previous

Спасовски: МВР анализира информации за нови аспекти кои произлегуваат од истрагата за убиствата на Вања и Панче

Read Next

Речиси 3000 граѓани на Македонија побарале бугарско државјанство во 2023-та година!