ноември 23, 2024

Лавров: Со Украина имавме договор за прекин на војната, но…

Со Украина имаше договор за прекин на војната, но Борис Џонсон не се согласи и побара продолжување на војната, рече во одговор на новинарско прашање рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на денешната прес конференција.

„Постоеше договор и тој беше таму, во Истанбул на крајот од мај, по неколку рунди преговори. Три рунди во Белорусија и последната во Истанбул. И беше постигнат договор. Тоа го потврди и еден од учесниците во преговорите, од групата на Зеленски, Давид Рахамја, тој беше дел од делегацијата во Истанбул. Нo,  Борис Џонсон дојде и рече – не, треба да продолжите со војната.“, рече Лавров.

Read Previous

Спасовски: СВР Скопје со 100 отсто ефикасност во расчистување на кривични дела поврзани со дрога

Read Next

Протест на штипските пензионери за линеарно зголемување на пензиите