Стопанската Комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека актуелните мерки за налување на инфлацијата не се адекватни и затоа треба да се преземат алтернативни мерки и во иднина да прекине праксата на институциите да не се консултираат со стопанските комори при нивното донесување.
– Стопанската комора на северозападна Македонија како институција чија мисија е заштита и унапредување на бизнисите, но и на стопанството воопшто, секогаш апелира дека мерките преземени од Владата и надлежните институции треба да се базираат на анализа и детално прогнозирање на ризиците кои може да ги донесуваат истите. Таков беше случајот со континуираното замрзнување на цените на десетици производи, што на крајот докажа дека оваа мерка не го постигна очекуваниот и прокламираниот ефект. Врз основа на изјавата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, инфлацијата достигна 9,5%, што сведочи за тоа дека преземената мерка не ги донесе очекуваните ефекти, додека бизнисите, особено производителите и трговците се оштетени, а од друга страна, граѓаните и понатаму остануваат незаштитени од инфлацијата, се наведува во соопштението од комората.