ноември 23, 2024

Министерството за правда ќе формира работна група за реформи во Судскиот совет

Министерството за правда во текот на идната недела ќе формира работна група која ќе има за цел да работи на реформа на Судскиот Совет.

Во работната група ќе бидат вклучени претставници на Здружението на судии, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на академската заедница и експерти од соодветната област.

Воедно, во насока на обезбедување на сеопфатност на целиот процес покана за учество во работната група ќе биде доставена и до претставниците на најголемите политички партии во земјата.

Во насока на обезбедување на поголема експедитивност и ажурност, работната група ќе започне со работа веднаш по формирањето, а дополнително до истата ќе бидат доставени забелешките и коментарите од Извештајот од Оценската мисија која од страна на Европската Унија беше спроведена во земјата.

Наводите од овие извештаи работната група ќе ги адресира во конкретните законски одредби заради надминување на лоцираните слабости во однос на законските решенија и нивната примена во практиката.

Read Previous

Парното од денеска поскапо за 4,51 отсто, корекции на цената ќе нема до крајот на грејната сезона

Read Next

Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична пријава против МВР и одговорни лица