ноември 24, 2024

Пензионери од Свети Николе ја блокираа улицата „Кочо Рацин“

Пензионерите од Свети Николе денеска продолжија со протестите и побараа повторно од Владата да им се зголемат линеарно пензиите за 3.500 денари, бидејќи како што велат, со ниските пензии одвај преживуваат.

Трајче Станојков, член на организациониот одбор за протести вели дека денеска и наредните денови се до 20 септември ќе ја блокираат улицата „Кочо Рацин“ во Свети Николе, со цел да го свртат вниманието на своите сограѓани, но и на локалната и централната власт.

-Се собравме овде и ќе ја сопираме улицата „Кочо Рацин“ во времетраење од еден час, за да им покажаме овде на нашата јавност и на вашата публика дека не престануваме со барањето за покачување на нашата пензија. Сакам да кажам дека овде на улица сме веќе еден месец срам е за нашата држава да ние како возрасни луѓе од 65 години па нагоре ги искажуваме нашите барања на улица, наместо да се разбереме на еден современ начин, вели Станојков.

Блокадите продолжуваат и наредните денови се до 20 септември, кога најавија дека  ќе има генерален штрајк во Скопје.

Read Previous

Пендаровски: Не мислам дека Македонците имаат нешто против Бугарите, туку им е „преку глава“ од условувања за членство во ЕУ

Read Next

ДКСК не го потврдила сомнежот за неправилна дезинсекција во Скопје