ноември 22, 2024

Уапсени нелегални менувачи на пари во Струмица

Полицијата вчера уапси две лица од Струмица откако биле затекнати како со други лица вршат неовластено разменување парични средства.

Како што соопштија од СВР Струмица, од слобода се лишени М.А. (66) и М.Д.(67) од Струмица. Кај првиот полицијата пронашла и одзела различни валути во вкупна вредност од околу еден милион денари, а кај вториот околу 110.000 денари.

Од полицијата иноформираат дека по целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави заради сомнение за сторено кривично дело „неовластено продавање, купување готовински странски платежни средства и чекови“ по член 55 од Законот за девизно работење.

Инаку, на неколку седници на Локалниот совет за превенција беше укажувано на проблемот со уличните менувачи на пари. Кон крајот на февруари оваа година, Советот заклучи надлежните инспекциски служби и полицијата да преземат дополнителни и поригорозни мерки за да нема нелегално менување пари на улица, туку тоа да се врши во банка или менувачница.

Read Previous

На матурска вечер во Ричмонд убиени матурант и неговиот татко, седум други лица се ранети

Read Next

Разузнавачи информации на САД посочуваат на Русија како виновник за уривањето на браната Нова Каховка во јужна Украина