ноември 22, 2024

Ковачевски: Фабриката за електрични возила нема добиено ништо како државна помош и нема да добијат додека не почнат со активности

Фабриката за електрични возила во зоната во Тетово согласно со договорот нема добиено ништо како државна помош и нема да добијат помош додека не почнат со активности, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Фабриката Е-ГО  која потпиша договор за изградба на фабрика во Слободната економска зона во Тетово има одредени барања во делот на парцелата со оглед на начинот на кој го организираат производството и затоа беа правени урбанистички промени, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање зошто доцни изградбата на фабриката на денешната прес-конференција во Владата.

Ништо немаат добиено како државна помош, додаде, бидејќи немаат започнато со градежни работи, ниту со пробно производство.

-Државната помош кај нас се добива скалесто и е поврзана со реализација на проект, потенцира Ковачевски.

Read Previous

Дали треба да ја миеме косата со шампон?

Read Next

Груби: Владата додели 3 милиони евра за изградба на „Качанички пат“ во Визбегово