Ирската Влада, преку консултативен форум, ќе побара мислење од домашната јавност за традицијата на воена неутралност на земјата, изјави денеска министерот за надворешни работи Мишел Мартин, што е најнов знак за можна промена во политиката по руската инвазија на Украина.
Мартин рече дека четиридневниот форум ќе се одржи во јуни во три различни градови.
Фокусот на форумот ќе биде ставен на голем број безбедносни прашања и ќе овозможи дискусија за децениската политика на неутралност.
„Меѓународното безбедносно опкружување значително се промени во текот на изминатата година. Видовме бесрамно и брутално непочитување на меѓународното право од страна на Русија“, рече Мартин. „Посветеноста на Ирска на меѓународниот поредок заснован на правила и нашата традиционална политика на воена неутралност не нè ослободуваат од потребата да одговориме на оваа нова реалност“, додаде тој.