ноември 24, 2024

Финска станува членка на НАТО

Финска денеска ќе стане членка на НАТО, соопшти Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинистo.

– Овој потег ќе ја направи Финска побезбедна земја, а Шведска ќе биде побезбедна како резултат на влезот на нејзиниот сосед во НАТО. Во седиштето на НАТО првпат ќе го подигнеме финското знаме. Вторник ќе биде добар ден за безбедноста на Финска и на НАТО, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Турскиот Парламент на 30 март го ратификуваше влезот на Финска во Северноатлантската алијанса, при што сите 276 присутни членови гласаа „за“. Таа одлука на турскиот Парламент стапи на сила на 1 април, отстранувајќи ја последната пречка за влез на оваа нордиска земја во Алијансата.

Шведска се уште нема да стане членка на Алијансата, бидејќи Анкара се уште не и дала зелено светло. Турција ја обвинува Шведска дека пружа засолниште на членови на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка група.

Read Previous

Столтенберг: НАТО ја помага Северна Македонија во справувањето со хибридните напади и дезинформациите

Read Next

Три години и еден месец затвор и парична казна од 5.000 евра за Марјан Стаменковски од „ДоказМ“