ноември 21, 2024

Една пасошка контрола на граничниот премин Табановце, најавува премиерот Ковачевски

Една гранична пасошка контрола на граничниот премин кон Србија најавија премиерот Димитар Ковачевски и српската премиерка Ана Брнабиќ на заедничката прес конференција во Белград. Како што е најавено, на границата ќе има и дополнителни мерки за забрзување на протокот.

„Се работи за зголемување на протокот на возила и на луѓе на граничниот премин Табановце – Прешево, преку зголемување на бројот на ленти, зголемување на бројот на службеници за спроведување на контролите и преку воведување софтвер што ќе значи само една контрола на пасошот на патниците на граничниот премин, а не две, како што има во моментов“, рече Ковачевски.

Read Previous

Според првичните анкети за излезноста повторно нема видлив победник на изборите во Бугарија

Read Next

Отстранети молитвените белешки од западниот ѕид во Ерусалим