мај 19, 2024

Столтенберг: Финска во наредниве денови ќе стане членка на НАТО

Финска ќе се приклучи на НАТО во рок од неколку дена по одлуката на Турција да го ратификува нејзиниот пристап во западната одбранбена алијанса, рече на 31 март генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Сите 30 сојузници на НАТО сега го ратификуваа протоколот за пристап“, рече Столтенберг.

Тој на социјалната мрежа Твитер напиша дека му честитал на претседателот на Финска Саули Ниинисто за завршувањето на како што вели историската ратификација на пристапувањето на Финска.

„Со нетрпение очекувам да го подигнам знамето на Финска во седиштето на НАТО во наредните денови. Заедно сме посилни и побезбедни“, напиша Столтенберг на Твитер.

Read Previous

Ковачевски – Брнабиќ: Србија ќе се приклучи кон интерконекторот Северна Македонија-Грција

Read Next

Потпишани билатерални документи помеѓу владите на Србија и Северна Македонија