ноември 23, 2024

Орбан: Третата светска војна е реална опасност

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека војната во Украина е „загрижувачка и опасна“ и дека не е претерување да се каже дека постои реална опасност од светска војна.

Орбан додаде дека „се повеќе се носат одлуки за употреба на понови и посилни оружја“ и дека „Западот и испраќа на Украина сè помодерна опрема“, пренесува МТИ.

„Додека, од една страна, може да звучи како претерување кога некои европски и американски лидери велат дека, ако сè продолжи вака, може да дојде до трета светска војна, тоа е навистина реална опасност“, посочи Орбан.

Унгарскиот премиер додаде дека војната станува се покрвава и брутална, но дека бројот на европските земји и лидери кои го поддржуваат мирот не е зголемен.

„Во исто време, народот во Европа почна повеќе да зборува за прекин на огнот, мировни преговори, но бројот на жртвите се зголемува“, додаде Орбан.

Тој истакна дека предлогот на Будимпешта за решавање на кризата во Украина се однесува на прекин на огнот.

„Унгарскиот парламент ќе усвои резолуција што ќе ја одразува нашата позиција, бараме мир и прекин на огнот“, рече Орбан.

Тој додаде дека во унгарскиот предлог не станува збор за тоа каков тип мировен договор треба да се потпише, туку дека се работи исклучиво за прекин на огнот.

„Мора да се постигне прекин на непријателствата. Не смее повеќе да се губат човечки животи. Откако ќе дојде до прекин на огнот, се создаваат шанси за мировни преговори“, порача Орбан.

Read Previous

Некој го удрил и избегал, тело на маж прегазено од возило пронајдено кај граничниот премин Долно Блаце

Read Next

Пукање во казино, убиено лице од Арачиново