ноември 22, 2024

Спасовски: За регистарските таблички ќе донесеме решение кое ќе биде најдобро за граѓаните

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, гостувајќи во утринската програма на Националната телевизија, беше прашан за најавеното можно решение за употреба на налепници на регистарските таблици наместо да се издаваат нови како обврска од Преспанскиот договор, при што тој истакна дека тоа решение е во напредна фаза, но на крајот ќе се разговара на седница на Влада за конечното решение.

„Како МВР сметаме дека едно од решенијата е да се стават налепници. Со налепници практично без некаков трошок или многу мал трошок, да се задоволи тој законски момент”, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека има три категории на возила, на граѓани кои поседуваат такви возила.

„Имаме регистарски таблици со три бројки кои се многу стари, кои не се променети воопшто, имаме околу 220-230.000 кои практично се со МК и нови таблици со 4 бројки кои треба да се променат и уште толку кои веќе се променети, значи преку 220-230 илјади кои се променети”, истакна министерот Спасовски.

Read Previous

(ФОТО) Ван дер Белен пречекан со највисоки државни и воени почести во Скопје

Read Next

Нови одлуки од Владата за производи со замрзната цена