На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека неговиот австриски колега Александер Ван дер Белен, кој во придружба на сопругата Дорис Шмидауер, престојува во официјална посета на земјава.
Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.
Теми на разговор, како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, беа севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Австрија, можностите за нивно продлабочување со акцент на економската соработка, текот на европските интеграции на нашата земја, како и отворените прашања на Западен Балкан и состојбите во поширокиот регион.
По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен да одржат заедничка прес-конференција.