ноември 22, 2024

УНИЦЕФ: Потребна е хуманитарна помош за 11 милиони деца во Јемен

Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека на 11 милиони деца во Јемен им е потребна хуманитарна помош и дека итно се потребни 484 милиони долари за продолжување на помошта за таа земја, јавува Анадолија.

„Осум тешки години на конфликт во Јемен уништија животи на милиони деца. На околу 11 милиони деца во земјата им е потребна хуманитарна помош. Доколку не се преземат итни мерки, милиони се изложени на ризик од неухранетост“, се вели во соопштението на УНИЦЕФ.

Се додава дека состојбата на децата бегалци е крајно загрижувачка.

Во соопштението се наведува дека има повеќе од 2,3 милиони деца чии основни потреби не можат да се задоволат во бегалските кампови.

Јемен е жариште на конфликти и насилство од 2014 година, кога бунтовничкото движење Хути ја презеде контролата врз поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана. Конфликтот ескалираше една година подоцна кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници застанаа на страната на јеменската влада и почнаа да вршат воздушни напади врз позициите на бунтовниците.

Јемен е една од најсиромашните земји, а војната во таа земја доведе до ужасна и една од најдлабоките хуманитарни кризи во светот

Read Previous

На средбата Бегај- Курти главна тема преговорите меѓу Косово и Србија

Read Next

САД: Нема индикации дека Русија ќе го користи нуклеарното оружје распоредено во Белорусија