ноември 22, 2024

Светски ден за борба против туберкулозата

Можеби звучи како болест од минатото, но туберкулозата (ТБ) претставува проблем и денес. Како и со сите здравствени состојби, превенцијата е секогаш подобра од лек. Иако не постои сигурен начин целосно да се спречи ширењето на туберкулозата во овој момент, постојат голем број мерки што може да се преземат за да се намали ширењето на оваа болест, истакнуваат од Министеството за здравтсво по повод Светскиот ден на борба против туберкулозата.

Туберкулозата е излечива болест што ја предизвикува инфекција со бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Болеста обично ги оштетува белите дробови, но некогаш може да оштети и други делови од телото, на пример, лимфните жлезди, бубрезите, коските, итн.

BcG вакцината штити од тешки форми на туберкулоза и е безбедна и ефикасна, особено за децата.

Лицето кое ја има активната форма на болеста во белите дробови може да ја пренесе низ воздухот на другите лица со кои е во близок контакт.

Кога заразените со активна форма на болеста кашлаат, киваат или плукаат, исфрлаат бацили-микроби на ТБ во воздухот. Едно лице е потребно да вдише само неколку од овие бактерии за да биде заразено.

Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина можат да бидат лесни-непрепознатливи неколку месеци.

Read Previous

Апликацијата МојДДВ е приспособена на повисокиот лимит

Read Next

Северна Кореја тестираше подводен дрон со нуклеарно оружје