ноември 22, 2024

Во Скопје 151 сообраќаен прекршок, 21 санкција за пешаци, се возело и под дејство на алкохол

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се шест мерки за непрописно престројување на возила, пет санкции за нерегистрирани возила, три мерки за возење под дејство на алкохол…, соопштија од МВР.

Оттаму, нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

ВЕЧЕР

Read Previous

Приведено лице во Тетово за приредување игри на среќа без лиценца

Read Next

Спасовски: Во МВР 48 проценти од раководните позиции им се доверени на жени