ноември 21, 2024

Само две понуди остануваат во игра да го купат Манчестер Јунајтед

„Трката“ за купување на Манчестер јунајтед влегува во втората фаза со две прифатени понуди – таа на катарскиот шеик Џасим Бин Хамад Ал-Тани и најбогатиот британец, Сер Џим Ректлиф.

Според „Скај спортс“, двајцата кандидати сега ќе имаат средба со луѓето од „Рајн Групацијатта“, банката која го надгледува процесот во име на семејството Глејзер. Тие ќе добијат дополнителен пристап до финансиските детали на клубот, по што ќе можат да ја дадат конечната понуда за клубот.

Американското семејство Глејзер го поставија клубот на продажба во ноември, но уште не е јасно дали ќе има целосно преземање на клубот доколку не се исполни превисоката цена од 6 милијарди фунти која Глејзери ја посакуваат.

Според досегашните информации, двете понуди се пониски од оваа сума – со околу 4.5 милјарди фунти, со таа разлика што Катарците потврдија дека ќе ги подмират сите долгови на клубот. Англиските медиуми исто така шпекулираа дека е можно Глејзери да не го продадат клубот, откако американската фондација „Елиот менаџмент“ (поранешните газди на италијанскиот Милан), може да влезат како партнери на Глејзери.

Read Previous

(ВИДЕО) Се урна авион во Њујорк, едно лице загина

Read Next

Три или повеќе шолји кафе на ден може сериозно да ги оштетат бубрезите!