ноември 22, 2024

Тридневна жалост во Грција по железничката несреќа во која има голем број загинати

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска до петок прогласи тридневна жалост во Грција по железничката несреќа кај Лариса во која најмалку 32 лица го загубија животот.

Знамињата на сите јавни објекти ќе бидат на половина копје и одложени се сите јавни настани.

Паралелно, Мицотакис заминува за Лариса.

Несреќата се случи кусо пред полноќ, кога од засега непознати причини, се судрија товарен и патнички воз.

Read Previous

Повеќе починати лица отколку родени бебиња, природниот прираст на Македонија се намалува

Read Next

Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор