ноември 22, 2024

Пекарите се заканија: Доколку се замрзне цената на 33 денари, нема да има леб

„Во Влада која се грижи за граѓаните, ваквите притисоци нема да поминат.“.

Ова го изјави министерот за економија, Крешник Бектеши на денот кога најави дека цената на лебот ќе се замрзне на 33 денари. Денеска од пекарската индустрија излегоа се огласија против одлуката за замрзнување на цената.

Велат дека со мерката за субвенционирање на струјата лебот не поскапел како што би поскапел без таа мерка, затоа оценуваат дека тоа го дало посакуваниот резултат, а додаваат дека замрзнувањето на цената доведува до затворање на фабриките за леб.

Сепак, министерот за економија Крешник Бектеши предупреди дека освен цената на лебот, замрзнување ќе има и кај другите прехранбени производи.

„Ќе повторам уште еднаш, ова е само првиот чекор. Ќе следат и адекватни одлуки и за другите производи, нема да дозволиме граѓаните да плаќаат повисоки цени од реалните, особено за основните прехранбени производи. Притисоци, најави дека ќе се затворат, нема да се затворат, може да се направат на кое било друго место.“, рече Бектеши.

Инаку според тоа што во саботата изјави министерот, единственото прашање кое ќе се разгледа утре е тоа кога ќе стапи на сила одлуката за замрзнување на цената на лебот, на 1 март или на 1 април.

Read Previous

Туркије: Силен земјотрес регистриран во Малатија

Read Next

Вучиќ и Курти ќе го продолжат дијалогот под покровителство на ЕУ на 18 март во Северна Македонија