Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) извести дека епицентарот на земјотресот бил во областа Јешилјурт, Малатија
Земјотрес со магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Јешилјурт во Малатија, Туркије, јавува Анадолу.
Земјотресот е регистриран во 12:04 часот по локално време.
Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) извести дека епицентарот на земјотресот бил во областа Јешилјурт во Малатија.
Земјотресот е почувствуван и во околните области. Регистриран е на длабочина од 6,96 километри.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Туркије на почетокот на месецот се искачи на 44.374.
AA