ноември 23, 2024

ЦУК: Пожари во атарите на села во Велес, Прилеп и Тетово

Центарот за управување со кризи (ЦУК) јавува дека попладнево пожари имало во атарите на велешкото село Бистрица, во атарот на прилепските села Бонче и Дрен, како и над тетовското село Боговиње.

„РЦУК – Велес известува за пожар во атар на село Бисрица, место викано Бистрички осој. Горат претежно ниви, стрништа и ливади. Екипа од Шумско стопанство Бабуна Велес е на терен и го контролира пожарот.

РЦУК – Битола известува дека има два активни пожари. Едниот е во село Бонче, општина Прилеп. Пожар има и во село Дрен, Прилепско кај кај манастирот „Свети Илија. За двата пожари е известена ЈП „Липа“ и состојбата се следи“, се наведува во соопштението до јавноста.

РЦУК – Тетово, јавува за пожар над селото Боговиње. На терен се екипи од противпожарната единица од Тетово и Националниот парк.

Read Previous

Собранието ќе продолжи со седницата за избор на министри в понеделник

Read Next

Висок германски офицер: Би било наивно да се верува дека војната во Украина ќе заврши оваа година