ноември 23, 2024

Ќе се гради нов кружен тек во Волково, а „Македонска војска“ ќе стане булевар

Град Скопје започна со проектирање на два важни проекта ветени во програмата „За модерно Скопје“, за изградба на нов кружен тек и булеварско решение на „Македонска војска” во Ѓорче Петров.

Со проектот, планирани се изградба на кружен тек и коловозна површина од 11.700 квадратни метри, изградба на нова велосипедска мрежа од 2.700 квадратни метри и пешачка патека од 4.100 квадратни метри.

Предвидена е нова, зелена површина на 2.000 квадратни метри, со соодветно јавно осветлување и водоводна мрежа, бидејќи, како што велат од Град Скопје, важно е континуирано да се подигнува и ново зеленило, садници и партерно уредување.

– Со изградбата на овој кружен тек, ќе се растовари сообраќајниот метеж на оваа раскрсница, а воедно ќе се зголеми и безбедноста за сите учесници во сообраќајот – нагласуваат градските власти и додаваат дека станува збор за исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните, кое досега не е ни започнато со реализација.

ВЕЧЕР

Read Previous

По неколку децении, градежна офанзива во Припор

Read Next

Ултиматум, ако нема плата до понеделник до 15 часот, ќе следува штрајк!