Поранешниот словенечки претседател Борут Пахор го продаде своето Рено 4 од 1991 година за 60.000 евра, а парите од продажбата ќе ги донира на две институции кои се грижат за деца болни од рак. Автомобилот го купило семејството Фратар од Дравоград, објави Пахор на социјалните мрежи.
Автомобилот го купил за 500 евра и го продал за 120 пати повеќе. Повод за продажбата беше Меѓународниот ден на децата со малигни заболувања, кој се одбележува на 15 февруари.
„Тоа се многу пари за добри цели“, рече Пахор и им се заблагодари на сите што учествуваа во проектот.