ноември 22, 2024

Содер е убеден дека Албанија набрзо ќе стане дел од европското семејство, Рама одби да ги коментира протестите на опозицијата

Премиерот на Баварија, Маркус Содер, кој престојува во Албанија, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Еди Рама искажа убеденост дека Албанија многу набрзо ќе стане дел од европското семејство.

-Имаме историска врска меѓу Албанија и Баварија. Оваа врска остана во сеќавањето на Баварија и на мојата партија. Се гледаме себеси како мост. Албанија наскоро ќе стане дел од ЕУ. Не станува збор за вештачки мостови. Албанија е стабилна земја која има развиено реформи, па се надеваме дека наскоро ќе стане дел од ЕУ. Споделуваме благодарност за владата, но имаме и надеж за тоа што ќе се направи, рече Содер.

Двајцата потврдија дека потпишале договор за формиравме заедничка владина комисија во двете земји, дека се заложиле за аспектите на развојот на земјоделството, а се договриле и за отворање баварска куќа на културата.

Запрашан во врска со „демократската револуција“ што ја најави Сали Бериша, кој за време на прес-конференцијата, во близина, пред парламентот одржува протест, Рама одби да одговори, по повторувајќи го својот став дека за „внатрешните прашања, кои може да зборува албански, не претпочита да ги споделува на странски јазици“.

Додаде дека „една од најубавите работи што ја прават Германците е тоа што кога зборуваат на странски јазик или во присуство на странци, не се занимаваат со внатрешни прашања“.

-Ова е внатрешна работа. Премиерот Содер дојде овде за унапредување на односите со Албанија. Работите за кои зборуваме се од заеднички интерес, тоа што се случува меѓу нас не припаѓа на оваа конференција. Отсекогаш сум кажувал на странски јазик и во присуство на странски пријатели не зборувам за внатрешни проблеми со кои се занимаваме на албански. Што ќе каже тогаш премиерот, кога отидов таму се степаа меѓу себе. Ние сме слободна, демократска земја, секој има свој пристап кон револуцијата, јас и премиерот зборувавме за дигиталната револуција, опозицијата има на ум уште една револуција, тоа е нејзино право, рече Рама.

По прес-конференцјата Рама се пати кон аеродромот и отпатува во посета на Дубаи, ОАЕ.

Во меѓувреме пред парламентот, кој одржува пленарна седница исто така во тензична атмосфера, продолжува протестот на кој се обраќаат претставници на партиите и граѓанскот сектор, се извикува „Рама оди си“ „Рама шеф на кримналот“… Демонстантите фрлаа протехнички средства врз полицискиот кордон во неколку наврати се создаде тензична атмосфера.

Read Previous

Турската амбасада изрази благодарност за искажаната солидарност од земјава по земјотресот во Турција

Read Next

Николоски-Дали влезот на Таравари во Влада е уценет со куќа во Тафталиџе?