ноември 22, 2024

Тетовскиот алпинист Мурсели учествуваше во извлекување десетгодишно девојче седум дена по земјотресот

Тетовскиот алпинист Надир Мурсели денеска од турскиот град Кахраманмараш ни испрати информација и фотографија за неверојатното спасување на преживеано десетгодишно девојче кое дури седум дена било под урнатитите. Тој сам замина во Турција каде се приклучи на спасувачи од Босна и Херцеговина. Оваа екипа заедно со турскиот тим АФАД успеале да го извадат преживеаното девојче.

-Околу 13 часот само што го извадивме девојчето Ирмак, голема радост имавме тука. Откога се слушна глас, три-четири часа работевме за да ја извадиме од урнатините. Големо чудо е како преживеала.Таа беше седум дена под урнатините, а зградата приближно е седум-осум ката, информира 45-годишниот Мурсели од Тетово.

Тој од 9 февруари е во подрачјата погодени од земјотресот во Турција, поточно во Кахраманмараш, на југоистокот од земјата.

Мурсели сам тргна од Тетово со автобус до Истанбул каде негова внука и зет се ангажирале да продолжи кон градовите погодени од земјотресот.  До Адана заминал со авион и потоа со други тимови на спасувачи со автобус од Адана четири часа патувале до Кахраманмараш.

Тетовскиот алпинист течно зборува турски јазик, па на екипата од Босна и Херцеговина, освен во пребарувањето урнатини, им помогнал и со преведување.

Read Previous

Во Турција апсења на градежници на зградите урнати од земјотресот

Read Next

Ковачевски очекува конструктивна дебата во Собранието и усвојување на предлогот за нови министри