ноември 23, 2024

Изведувач на зграда што се урна во земјотресот во Турција уапсен при обид да избега во Црна Гора

Tурската полиција уапси изведувач кој се обидел да побегне од земјата откако зградата што ја градел се урнала во катастрофалниот земјотрес во Турција, јавија државните медиуми.

Во земјотресот се урнаа илјадници згради и загинаа илјадници луѓе ширум Турција, најмногу поради лошиот квалитет на градбите.

„Ronesans Residence“, блок луксузни апартмани во градот Антакија, го изградила компанијата на Мехмет Јашар Чошкун, кого полицијата го уапсила на аеродромот во Истанбул додека се обидувал да побегне во Црна Гора, пренесе Ал Џезира повикувајќи се на Анадолија.

Во 2013 година Турција воведе строги градежни прописи.

Read Previous

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија се доближи до 24.000

Read Next

Штипските пожарникари во потрага по преживеани во Адана