ноември 23, 2024

Спасени уште три деца од урнатините по земјотресите во Туркије

– Спасувачите што стигнаа утрово од Истанбул слушнаа гласови под урнатините, по што вложија огромни напори и успеаја да спасат три деца

Спасувачките екипи успеаја утрово да спасат три деца од урнатините во турскиот град Хатај по разорните земјотреси што вчера ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Бројни спасувачки екипи продолжуваат со акциите за претрага и спасување за да ги спасат луѓето кои се заглавени под урнатините по разорните земјотреси во Туркије.

Спасувачите што стигнаа утрово од Истанбул слушнаа гласови под урнатините, по што вложија огромни напори и успеаја да спасат три деца.

Според најновите информации, 3.549 лица загинаа, а најмалку 22.168 се повредени во земјотресите што вчера ги потресоа јужните делови на Туркије. Од урнатините на зградите се спасени над 8.000 лица.

– Разорни земјотреси кои вчера ја потресоа Туркије 

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер вчера наутро во 4:17 часот по локално време со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Земјотресите се почувствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.

Read Previous

Десетгодишно девојче спасено од под урнатини 39 часа по земјотресот во јужна Турција

Read Next

Туркиш ерлајнс бесплатни повратни летови до зоната на земјотресот