Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и до семејствата на загинатите во силниот земјотрес во Турција.
-Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Турција. На повредените им посакувам брзо закрепнување, напиша претседателот Пендаровски на својот официјален Фејсбук профил.
-Ужасна вест за земјотресот во Турција која не растажи сите. Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам длабоко сочуство кон Реџеп Таип Ердоган за изгубените животи, и посакувам брзо опоравување на повредените, напиша Ковачевски на Фејсбук.
Сочувство изразија и Бујар Османи, МНР, и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како и останати државни функционери.