Бројот на загинати во Турција се искачи на 912, пренесува Би Би Си Турција. Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека само во Турција загинале 912 лица, а 5.383 се ранети поради земјотресот. Тој вели дека не може да предвиди колку ќе се зголеми бројот на загинати додека продолжуваат напорите за пребарување и спасување.Ова е најголемата катастрофа во земјата од 1939 година, изјави Ердоган за новинарите, додавајќи дека како резултат на тоа се урнале 2.818 згради.